Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во југозападните делови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 8. Дневната температура ќе се движи од 23 до 32 степени.
И во четврток претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има локална појава на повремено пороен дожд и грмежи.
Во петок ќе започне да дува умерен до засилен северозападен ветер и кон крајот на денот се очекува поизразена нестабилност со поројни врнежи и грмежи. За време на викендот ќе биде значително посвежо со повремен локален дожд.