Пазарот на криптовалути продолжи да расте во вредност и денес, поттикнат од изјавата на Илон Маск.
Според сајтот Коиндеск, најпознатата крипто валута во светот, биткоинот, порасна за само 0,75 проценти во последните 24 часа и во моментов се тргува по цена од 32.449 долари.
Во моментов Етериумот се тргува по 2.060 долари, а во последните 24 часа порасна за 2,76 проценти.
Илон Маск и компанијата „Тесла“ се одговорни за овој тренд на зголемување на вредноста на крипто-валутите. Како што најави, тие најверојатно повторно ќе започнат да прифаќаат биткоин како средство за плаќање, откако ќе биде објавена длабинска анализа за количината на обновливи извори на енергија што се користи за „копањето“.