Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне претежно во југозападните делови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 23 до 32 степена.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 31 степен.
Во петок ќе започне да дува умерен до засилен северозападен ветер и кон крајот на денот се очекува поизразена нестабилност со поројни врнежи и грмежи. За време на викендот ќе биде значително посвежо со повремен локален дожд.