![На ГП Табановце се чека до 30 минути за влез во државава](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/91/40965b19-resize-820x0x100.jpg)
За влез во државава на граничниот премин Табановце се чека околу 30 минути, информираат утрово од АМСМ.
Додаваат дека на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Вчера во текот на целиот ден забележано беше раздвижување на граничните премини Богородица и Табановце.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.