Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,22 отсто. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од утре ќе поевтинат за 1,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,00 денар по литар.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 71 денар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 73, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 60, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 62 денари за литар.
За 1,138 денари се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 36,880 денари.
Ценовните корекции на нафтените деривати, како што информира РКЕ, е поради нивното поевтинување на светските берзи: бензинот за 4,152 %, дизелот за 4,259 %, екстра лесното масло за 4,631 % и кај мазутот за 4,31%.