Тргуваниот обем на етер, втората по големина криптовалута според пазарната капитализација, расте побрзо од биткоинот во првата половина од годината, според „Coinbase Global Inc“, најголемата берза за размена на криптовалути во САД, цитирана од „Bloomberg“.
Анализирајќи ги податоците од 20 водечки берзи ширум светот, „Coinbase“ откри дека количините со кои се тргуваше биткоинот за периодот изнесуваат 2,1 трилиони долари, зголемување од 489% од 356 милијарди долари во првата половина од минатата година.
За истиот период, вкупниот обем на тргување со етерот достигна 1,4 трилиони долари, што претставува импресивно зголемување од 1.461% од 92 милијарди долари за првата половина на 2020-та година. Ова е првиот подолг временски период за време на кој етерот е пред биткоинот во овој индикатор, според „Coinbase“.
Вчера и двете криптовалути забележаа намалување, покажуваат податоците на „CoinDesk“. Биткоиниот избриша 2,9% од својата вредност на помалку од 38.000 долари. Додека етерот е бележи пад од повеќе од 5% на нешто повеќе од 2.200 долари.
Двете водечки криптовалути значително се зголемија во изминатата недела, откако во мај избришаа значителен дел од нивната вредност, главно поради загриженоста за енергетскиот интензитет на биткоинот и регулаторните ограничувања во Кина. Етерот беше во центарот на новата група апликации кои овозможуваат заеми, кредитирање и тргување со p2p (peer-to-peer). Исто така, криптовалутата очекува ново подобрување околу 4-ти август, што предвидува намалување на бројот на токени, нешто што се очекува да ја зголеми цената.
Криптовалутата со најголем обем на тргување е тетерот, чија цена не се очекува да се движи значително.
Анализата на „Coinbase“ ги разгледува трендовите во институционалните инвестиции во криптовалутите.