Кога Елон Маск преку Twiiter соопшти дека ќе отпушта над 3.000 работници во неговата компанија Tesla, никој не очекуваше ваква реакција од поранешните вработени.
„Вчера добив отказ во Tesla и многу ми е тешко, но тоа е добро за компанијата. Не жалам за ништо, оваа порака е мојот последен придонес за Tesla. Ќе навивам за нив бидејќи знам дека дадов сѐ од себе. Ви благодарам за спомените ншто ми остануваат по овие години поминати таму“, напиша на Twitter еден од тазе отпуштените и не беше единствениот.
„Елон, фала ти што ми даде шанса. Фокусирај се на мисијата. Секогаш ќе бидам горда што сум работела во Tesla“, напиша друга работничка.
Како е да се работи во Tesla?
Имајќи предвид дека ваквите реакции од луѓе кои само што останале без работа се вистинска реткост, порталот Vice реши да провери како е навистина да се работи во Tesla.
На интервју се согласил еден од вработените кој почнал да работи во компанијата набрзо откајко завршил факултет.
„Сметам дека нема сите одеднаш да бидат отпуштени, туку по одделенија. Јас сум директно врзан за продажба, а таму има малку отпуштања. Некои од нив не се задоволни од стандардите. Сметам дека отказите беа селективни и добро смислени“, вели изворот.
На прашањето зошто луѓето имале толку весели реакции на отказите, тој вели:
„Овде не владее култ на личност. Има луѓе кои ги читаат објавите на Елон и заклучуваат дека целата компанија функционира така од врвот до долу. Овде запознав многу талентирани луѓе кои воопшто не обрнуваат внмание на тоа што објавува Елон или што се пишува во медиумите. Со проблемите едноставно се справуваме ако и кога ќе се појават кај нас.“
Тој не смета дека е задолжително да му се восхитуваат на Маск или да веруваат во мисијата на Tesla.
„Луѓето доаѓаат да ја завршат работата за која се платени. Со овие објави сметам дека само сакаат да стават до знаење дека се горди со сработеното во Tesla и дека ќе се снајдат. Луѓето од оваа бранша обично наоѓаат нешто ново бидејќи искуството во оваа компанија високо се вреднува на пазарот на труд.“
извор: kajgana.com