Сопственикот на зграда во градот Блумберг на југот на Германија сам си создал проблеми со тоа што не им плаќал на работниците, т.е. изведувачите на неговата зграда.
Имено, тој наводно му должел на изведувачот 4,9 милиони евра, а откако на изведувачот му здосадило да ги чека неговите пари, збеснал и одлучил да се одмазди на интересен начин во средата во 7.30 часот наутро.
Со багер тргнал на зградата и ги срушил скоро сите балкони на неа, како и соседните sидови, предизвикувајќи на тој начин штета од речиси половина милион евра на новоизградената зграда.
Бидејќи сѐ уште е во изградба, зградата била празна и затоа нема повредени, а местото на настанот во неверување го следеле околу 50 очевидци. Се разбира, тие веднаш ги зеле камерите и снимиле неверојатна сцена на градежникот што руши се пред себе.
Градежникот запрел по урнатините на балконот само затоа што се скрши хидрауличното црево на багерот, изјавија сведоци за германскиот весник Шварцвуелдер Боте.
Подоцна тој и се предал на полицијата, а полицијата ја блокираше областа од страв со багерот да не ги оштетил резервоарите за гас во зградата.
Workers destroy 30 new apartments in Blumberg, Germany after businessman refuses to pay their wages. This is what we in the direct action movement call *aggressive negotiations*. Top work comrades✊
Aktualno
- АРМ ќе вработи 300 нови професионални војници и 60 луѓе со цивилни факултети
В година Армијата ќе вработи нови професионални војници, граѓани со цивилни факултети, но и администрација потребна на Министерството за одбрана, најави денес министерот за одбрана, Владо Мисајловски. Стабилното буџетирање, инвестирањето во модернизацијата и опремување во човечкиот капацитет се трите столба од приоритетно значење на Министерството за одбрана и Армијата за в година.
- Дали електричните возила ќе ги натераат скопјани да ги продадат сопствените автомобили?
15 000 скопјани ќе ги продадат своите своите автомобили до 2030 година. Барем такви се очекувањата на словенечката Авант кар, компанија која нуди заедничко користење на електрични возила.
- Луксембург единствена држава во ЕУ каде жените се поплатени од мажите
Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и натаму е значителен во корист на мажите, како во однос на висината на платите, така и при нееднаквост во пристапот до работа, напредувањето и наградувањето.
- Мистеријата на Стоунхенџ конечно решена?!
Мистеријата стара 5.000 години, исконскиот Стоунхенџ, конечно доби одговор на најважното прашање – зошто е изграден?
- Поставени пакетомати во Македонија: Револуција во поштенските услуги со брза, практична и еколошка достава
На македонскиот поштенски пазар првпат се воведуваат пакетомати – уреди што овозможуваат корисниците самостојно да ја преземат својата пратка во кое било време, во рок од 72 часа. Во Скопје се поставени на седум локации, а во Битола на една.
- Ова е најстарата шума на пленатава, дрвјата се стари 386 милиони години
Планините Кетскил, лоцирани на југоисток од американската држава Њујорк, на околу 60 километри од главниот град Албани, се неисцрпен извор на информации за древното минато на нашата планета.