Од денеска стапува во сила целосна забрана за движење во шумските предели низ Републиката. Владата апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските подрачја во земјата, заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите.
По избувнувањето на повеќе пожари низ источниот и југоисточниот дел на државата, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) одржа итен состанок со цел мобилизација на тимовите за заштита и спасување од пожари како и вработените на ДЗС и ПОЗС. Како што е објавено, директорот на Дирекцијата, издал наредба за мобилизација на тимовите за пожари во Валандово, Виница, Берово, Битола, Гостивар, Куманово и Скопскиот тим Карпош. Предложено да се вклучат и доброволните противпожарни друштва. Вработени од ДЗС по координацијата се упатени кон загрозените подрачја, како што се Старо Нагоричане, с. Бели Кочани и с. Новаци, Битола со цел координација и помош на загрозените подрачја, наведува ДЗС.
Од Град Скопје ги замолуваат граѓаните доколку забележат пожар веднаш да пријават во Противпожарната бригада на тел. 193 или во Центарот за управување со кризи, на тел. 195.
извор: slobodnaevropa.mk