Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На Г.П. Табановце за влез во државата се чека од 30 до 40 минути, а на останатите нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
МСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.