Не постојат лесни прашања на интервју за работа, но некои се многу потешки од останатите.
Зошто ја напуштивте вашата претходна работа или Зошто сакате да ја напуштите вашата тековна позициja – е едно од најсензитивните прашања кои може да ви ги постават на интервју за работа, и тоа од повеќе причини.
За разлика од прашањата за вашите вештини или причината поради која сте заинтересирани за новата работа коишто ви даваат можност да се покажете себеси во позитивна смисла, прашањето во врска со вашето претходно работно место може да ве доведе до една навистина неудобна ситуација.
HR менаџерите го сакаат ова прашање бидејќи од одговорот може да изведат доста работи за вас. Ако сте напуштиле поради личен каприц или некоја неоправдана причина, тие ќе ја запрашаат вашата лојалност кон компанијата и посветеноста кон она што го работите. Доколку пак сте биле отпуштени или не ви бил понуден нов договор, тоа ќе отвори нови прашања за прилагодливоста на вашиот профил на корпоративната култура или нивото на вашиот квалитет и потенцијал како професионалец. За крај, доколку доброволно и мирно сте се разделиле со вашиот работодавач, имате можност да ги истакнете вашите relationship management skills.
Како што гледате, одговорот на ова прашање има големо влијание врз вашето идно вработување па оттаму е важно правилно да одговорите на истото. Подолу ќе зборуваме за неколку стратегии кои ќе ви помогнат правилно да одговорите на ова прашање:
Бидете позитивни. Без оглед на тоа колку ви било лошо на претходната работна позиција или колку нефер сте биле третирани од страна на својот работодавач – останете позитивни! Недозволиво е да зборувате лошо за вашите претходни менаџери, колеги или за компанијата во целост. Ако не задоволни од насоката во која се движела вашата претходна компанија, во ред е да го кажете тоа, но искористете го моментот да покажете колку многу ви се допаѓа бизнис стратегијата на новата компанија и како вашите вештини ќе и помогне на компанијата да ги постигне своите цели. Правејќи го ова, на дело ќе ја покажете својата бизнис свесност и знаење за самата организација, а тоа е огромен плус.
Less is more. Важно е да ја кажете вистината, но HR менаџерот нема потреба да го знае и најситниот детаљ кој довел до тоа да донесете одлука за заминување. Ако ви била постојано ускратена можноста да напредувате, немојте премногу да објаснувате околу тоа. Наместо тоа, истакнете некое големо достигнување кое ви се случило таму и тогаш преминете на тоа како можностите за постојан напредок почнале да се намалуваат и токму затоа барате нова работа каде што ќе имате поголем простор да учите нови работи и да ги развивате своите вештини.
Потенцирајте ги работите кои сте ги научиле. Ова е од особена важност ако сте биле отпуштени од вашето претходно работно место. Голема е бројката на професионалци кои се плашат дека оваа “црна точка“ ќе влијае на тоа веќе никогаш да не најдат добра работа во нивното поле. Меѓутоа, воопшто не е така. Ако сте добиле отказ, зборувајте за вашите грешки и покажете што ваквото искуство ве научило. Никој не е идеален, а способноста да учите од своите грешки и желбата да станете подобар работник е атрактивна карактеристика за секој работодавач.
Вежбајте. Тонот и начинот на кој одговарате на ова прашање може да биде клучот. Затоа, не дозволувајте ова прашање првпат да го слушнете на реално интервју. Однапред подгответе се преку правење на пробни интервјуа со некој член од вашето семејство или некој пријател. На овој начин, ќе ви биде покомотно и ќе звучите поуверливо да одговорите на ова прашање на реално интервју.
Запомнете, секој од нас напуштил некоја претходна работна позиција поради една или друга причина. Без оглед на тоа која е причината која ве довела до ова итнервју, бидете подготвени да го користите ова прашање во ваша полза истакнувајќи како вашето претходно искуство ве подготвило да бидете идеалниот кандидат за посакуваната работна позиција.
Ви се допадна овој совет? Следете ги сите наши совети за професионалци на следниот линк.