Не постои законска или каква било друга можност поради одбивање наредба од работодавач за некаква присилна вакцинација, да се загуби работното место, а на работниците им укажуваме да ги следат препораките и упатствата на здравствените власти во поглед на процесот на имунизација“, реагираат од ССМ.
Оттаму потсетуваат дека изминатиот период забележан е зголемен број пријави поради тоа што некои несовесни работодавачи на работниците не им дозволувале и ги попречувале во работни денови да се вакцинираат иако имале закажан термин за вакцинација по свој избор. ССМ бараше и денот за имунизација на работниците да се смета како платено отсуство од работа, но, за жал, ниту тогаш ниту денес тоа не е случај.
Пријавувањето за вакцинација е доброволно, а граѓаните преку пополнување формулар, прифаќаат дека ниту државата ниту производителот на вакцините не сноси никаква одговорност за евентуалните негативни последици од неа, па ги прашуваме работодавачите дали се спремни тие да сносат таква одговорност. Сето ова може да ги дестимулира работниците да се имунизираат, а со тоа се загрозува животот и здравјето на работниците.
извор: vecer.press