Милионер на аукција платил 10 милиони евра за регистерската табличка која ја ставил на својот автомобил марка Lamborghini Aventador SVJ Roaster. Вредната регистарска табличка има трицифрен број „123“ и е најскапата регистрација во светот која е направена во Катар.
Таа е ставена на еден од најексклузивните автомобили, чија цена изнесува околу 390.000 евра. Автомобилот е снимен во Монако. Бело-црната комбинација со виолетови детали изгледа одлично, како и украсот во кабината со јасно истакнат карбон и комбинација на бело и виолетово.
Под хаубата се наоѓа 6.5 V12 со 770 КС и 720 Nm што го вози автомобилот до 100 км / ч за 2,9 секунди и до максимални 350 км / ч.