Новите измени на Законот за работни односи кои влегоа во собраниска процедура, ќе ги сменат и правилата за користење на годишниот одмор.
Доколку се усвојат во наредните недели, ова лето наместо 12 работни дена, рабониците ќе мора да користат годишен одмор од две непрекинати работни недели.
Работниците пред да добијат отказ, ќе имаат рок од 15 дена да се подобрат во работата, а за тоа писмено ќе бидат предупредени од своите работодавачи. Дали со ваквата измена работодавачите два пати ќе размислат преда да го поделат отказот?
„Ние ова го толкуваме дека ни дава можност да бидеме попрецизни во известувањето на работникот, оти во следна фаза на работен спор со погрешна процедура, работодавачот може да го игуби аспорот и да го врати работникот.” – изјави Миле Бошкоски, Конфедерација на работодавачи.
Доколку работникот биде прогласен за технолошки вишок, работодавачот не смее две години да вработи нов на тоа место, а доколку има потреба од работник избрканиот да има предност пред останатите. Од Министерството за труд велат дека сегашната регулатива остава простор за манипулација, па работниците се прогласуваат за технолшки вишок, а веќе следниот ден на нивно место се вработува нов.
извор: bukefal.info