Медитеранот, кој привлекува околу една третина од сите светски туристи, отсекогаш бил, и ќе биде најпосакуваната дестинација. Многу туристички земји овие денови ги интензивираат напорите да привлечат туристи кон себе. Пред неколку дена, Хрватска започна кампања за странските туристи под мотото „Верувај ми, јас бев таму“. Нејзе и се придружија Франција, Грција, Шпанија, Турција, Австрија ...
„Сé што сакате е Грција“ ,благодарение на вакцинацијата и т.н. зелен пасош сите влегуваат во трката за гости со зголемен апетит. Грција за својата кампања го искористи хитот на Битлси „All You Need is Love“. Земјата која минатата година заработи само четири милијарди евра од туризмот (18 милијарди евра во 2019 година), се надева дека ќе привлече околу 15 милиони туристи со најголемата кампања во последната деценија. Промоцијата на Грција е фокусирана на природната убавина на земјата и безбедноста, што многу земји се обидуваат да го вклучат во нивната промоција.
Колку странските гости можат да уживаат во убавините и храната на оваа земја, се покажа со турската порака „Уживај, јас сум вакциниран“. Турската јавност прво беше огорчена на мерките според кои требаше да останат изолирани во своите домови, додека на туристите, кои се во кратка посета, им беше дозволен престој во државата.
Шпанија започна промотивна кампања под мотото „Вие ја заслужувате Шпанија“. Пред пандемијата, земјата беше домаќин на 84 милиони странски туристи годишно, а во 2021 година се надева дека ќе биде домаќин на уште поголем број.
Најголем конкурент на Шпанија и понатаму е Франција, која во нормални услови има 90 милиони туристи и 57 милијарди евра приход. Со кампањата „Што е навистина важно“, Французите промовираат начин на живот, особено во руралните и ретко населените области.
Работа на одмор? Прочитајте зошто тоа е добра идеја