Рестораните на синџирот за брза храна „McDonald’s“ во Англија, Шкотска и Велс останаа без милкшејк и напивки во шишиња поради проблемите во снабдувањето, соопшти компанијата, наведувајќи дека една од главните причини е недостигот од возачи на камиони,
„Во Велика Британија моментално бројни проблеми влијаат врз малопродажбата, а еден од нив е недостигот од возачи на тешки товарни возила“, се наведува во компаниското соопштение.
Погледнете ги активните огласи за вработување на дистрибутери.
Голем број компании пријавија проблеми во снабдувањето поради недоволниот број возачи. Минатата седмица и јужноафриканскиот синџир за брза храна „Nando’s“ затвори некои од своите продавници во Велика Британија, откако остана без пилешко месо.
Здружението за патен транспорт (RHA) на почетокот од август процени дека во Велика Британија недостигаат повеќе од 100.000 возачи. Пред пандемијата и брегзитот вкупниот број активни возачи изнесувал 600.000.
Од RHA предупредуваат дека минатата 2020 година поради пандемијата не се спроведени околу 30.000 возачки испити за товарни возила, како и дека „историскиот“ недостиг од возачи е влошен со промените на правилата по брегзитот.
Покрај сето друго, за проблемите придонело и тоа што апликацијата NHS Covid возачите ги известила да се самоизолираат.
Најновата анкета за работната сила упатува на тоа дека 14.000 возачи на камиони од земјите од ЕУ ги напуштиле работните места во Велика Британија до јуни 2020 година, а само 600 се вратиле до јули оваа година.