Сите знаеме зошто служи полицискиот радар, но овој нов радар ќе може да се користи и за други цели.
Развиен од компанијата ComSonics, покрај тоа што ќе служи како вообичаено средство за мерење брзина, тој исто така ќе открива дали некој телефонира или испраќа пораки преку мобилен телефон.
Инаку, како една од најголемите причинители за сообраќајни несреќи се наведува дека е токму телефонирањето и испраќањето на пораки. Не го правете тоа бидејќи се загрозувате себеси, но и другите.
Текстуалните пораки ќе емитуваат различни фрекфенции. Овој апарат е сличен на технологијата која ја користат кабловските мајстори. ComSonics тврди дека ќе нема пристап во содржината на пораките, туку само ќе регистрира дали возачот пишува пораки во текот на возењето или не.
Се верува дека на овој начин ќе се спречат бројни сообраќајни несреќи. Ова не е прв ваков уред. Познат е и Ranger кој мери одалеченост низ ѕидови, а помага во ситации при трагање и спасување.