До петок во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Во петок кон крајот на денот ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе продолжи и во сабота и ќе услови значително опаѓање на температурата во наредните денови. За време на викендот ќе има локален дожд, но без грмежи, а од понеделник се очекува пооблачно време со пообилни врнежи од дожд.