Пензиите за месец август ќе бидат на располагање преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 31 август, соопшти Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
За лицата кои не користат картички, пензиите ќе бидат исплатени етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од КОВИД-19. Исплатата на шалтерите во банките ќе се врши во четири групи.
-За пензии со висина до 11 000 денари, исплатата ќе се врши на 31.8.2021г. (вторник)
-За пензии со висина 11 001-14 000 ден, исплатата ќе биде на 1.09.2021г. (среда)
-За пензии со висина 14 001-18 000 ден, исплатата ќе биде на 2.09.2021г. (четврток)
-За пензии со висина над 18 001 ден, исплатата ќе биде на 3.09.2021г. (петок)