Долготрајниот карантин во најголемиот виетнамски град Хо Шо Мин може да нанесе нов удар врз веќе намалената глобална понуда на кафе, пренесува „Индекс“.
Хо Ши Мин е централната точка на извозот на Виетнам, а градот е под строги ограничувања за патувања по зголемувањето на бројот на новозаразени со делта сојот на коронавирусот.
Виетнам е голем извозник на робуста, сорта кафе кое се користи за производство на инстант кафе и некои мешавини на еспресо. Цените на големо на робуста во зрно годинава пораснаа за околу 50 отсто.
Блокадата на Хо Ши Мин е само најнов во низата проблеми за виетнамските извозници, која се надоврзува на недостатокот на контејнери.
Градот и неговите пристаништа се клучен дел од глобалната поморска мрежа што ја поврзува Кина со Европа.
Виетнамското здружение на производители на кафе и како и други организации ја повикаа Владата да ги ублажи ограничувањата за да се избегне понатамошно одложување на испораката и придружните трошоци.
Проблемите со кои се соочуваат виетнамските производители се само најнови во серијата проблеми што ја мачат индустријата за кафе.