Сите имаат утринска рутина. Некои луѓе стануваат порано со цел да направат малку кардио вежби, додека пак други појадуваат читајќи ги новините. Од друга страна, вашата утринска рутина се врти околу едно специфично, на моменти дури и магично нешто – кафето.
Пред да го испиете вашето прво утринско кафе, вие воопшто не постоите. Вашите очи се едвај отворен, мислите ви се измешани и немате сила да се движите. Но, по првите неколку голтки почнувате да се враќате во живот и добивате сила да го почнете вашиот ден. Но, зошто не сте вистинските вие пред да ја испиете првата шолја кафе?
1. Бидејќи вашиот мозок е како во магла пред првите голтки кафе
Пред вашата прва шолја кафе, вие постоите само делумно свесно. Сè до моментот кога ќе го вкусите кафето во вашата уста, вие сте зомби со отечени очи и лош темперамент. Имајќи го тоа на ум, откако вашиот организам ќе добие од својата дневна доза магија, подобро позната и како кофеин, вие одеднаш почнувате да се враќате во нормала. Вашите очи почнуваат да се шират, телото ви се опушта и сеќавањата од претходниот ден ви се навраќаат. Без кафето, вашиот ден нема да може воопшто да започне.
2. Бидејќи со сигурност повторно ќе заспиете доколку веднаш не се напиете и второ кафе
За време на вашето студирање, вие научивте дека ви се потребни 2 шолји кафе наутро со цел да имате надеж дека ќе функционирате до крајот на предавањата. Првото го пиете како шот вотка, во еден здив, додека пак, во второто уживате во текот на целото утро додека сè повеќе се будите со секоја голтка. Оваа навика продолжува да ве следи во текот на целиот ваш живот…
3. Бидејќи знаете дека тоа е добро за вас
Постои голема дебата помеѓу истражувачите за дали кафето овозможува вистински здравствени придобивки или не. Токму затоа и секој месец имаме можност да видиме различна студија за него, која некогаш е позитивна, а некогаш негативна во однос на придобивките кои ги искусуваме. Но, без разлика на случајот, вие знаете дека тоа е добро за вас. Во вашиот ум, кофеинот е оној кој секојдневно ви овозможува да започнете со денот, па токму затоа и не ви требаат други докази дека кафето е добро за вас и дека треба да биде дел од вашата секојдневна исхрана.
4. Бидејќи кафето е најдобриот лек за мамурлак
Постојат многу вуду магии, бабини деветини и други видови необјасниви методи за лечење мамурлак, но ниту еден од нив не успева да го направи тоа толку добро како една шолја црно и горко кафе. По долгите ноќи поминати во пиење алкохол и танцување, наредното утро може да ве врати во живот само голема шолја кафе.
5. Бидејќи нема да можете да станете од вашиот кревет без него
Без разлика дали треба да одите до кујната или пак, да пешачите до вашето омилено кафуле, целиот процес на добивање кафе вклучува вие да станете од кревет. Освен, секако, ако добивате појадок во кревет, во тој случај кафето ќе ја направи својата магија додека сè уште лежите. Но, бидејќи повеќето од нас мора самите да си го направат своето кафе, тоа ни е единствениот мотив да се извлечеме некако од креветот и на тој начин да го започнеме нашиот ден.
6. Бидејќи ви помага да ги избегнете сите оние луѓе во раните утрински часови
Во совршениот свет, вие не би требало да се сретнувате со какви било луѓе до околу 11 часот, минимум. Но, во зависност од вашиот метод на транспорт, па сè до степенот на нервоза која ја искусуваат вашите колеги од работа, вие сигурно ќе се сретнете со многу луѓе во текот на утрото кои ќе сакаат со вас да разговараат уште пред да почнете со вашите работни часови. Но, кога се движите со кафето во едната рака и со вашата работа во другата, борејќи се што побрзо да стигнете до вашата работна просторија, создавате многу тешка состојба за луѓето да ви пристапат. Додадете и пар слушалки на оваа комбинација и веднаш ќе станете недопирливи.
7. Бидејќи вие не сте вистинските вие без доза утрински грижи
Да бидеме реални, не може да постои живот без стрес. Но, кафето ви овозможува многу полесно да се справите со него, како и да ви биде попријатно со вашата анксиозност. Без утринските грижи, вие нема да можете да завршите каква било работа до крајот на денот. Токму овие грижи ви помагаат да се потсетите на сите нешта кои треба да ги направите, додека притоа ве одржуваат будни. Доколку немате никакви грижи во текот на вашите работни часови, тогаш сигурно би заспале врз тастатурата. За среќа, кафето е тука за да ви ги олесни.