Нови мерки за борба против коронавирусот ќе бидат воведени во Албанија од 1 септември, објави денеска Техничкиот комитет на експерти
Новите мерки вклучуваат повторно воведување полициски час од 23 часот до 6 часот наутро, пренесува порталот „Егзит“.
За да влезете во Албанија од 6 септември ќе ви треба сертификат за вакцинација или ПЦР тест не постар од 72 часа, или потврда за прележан Ковид-19 не постара од шест месеци, пишува „Еј-би-си њуз Албанија“.
Како што е наведено, оние што немаат еден од тие три сертификати ќе одат во 10-дневен карантин.
Заменичката на албанскиот министер за здравство, Мира Ракацољи, исто така рече дека вакцинацијата ќе биде задолжителна за здравствените работници, студентите и наставниците кои ќе треба да се вакцинираат до 30 септември.
„Ве молиме, спроведете ги мерките како што препорачавме“, апелираше таа.