Сè поголем број луѓе страдаат од покачен крвен притисок. Експертите, помеѓу главните причини за оваа состојба, ги вклучуваат нередовното земање терапија, стресот и неправилната исхрана.
Кардиолозите и диетолозите постојано предупредуваат за намирниците што долготрајно му штетат на здравјето, така што ги затнуваат крвните садови и го зголемуваат ризикот од хипертензија. Истовремено советуваат и да го збогатиме менито со храна што го подобрува здравјето и го снижува притисокот.
„Доколку не постои потреба за терапија, што ќе го дијагностицираат лекарите, испробајте древна кинеска техника што го снижува крвниот притисок за пет минути и тоа без лекови“, предлага доктор Хансен.
Еве што треба да правите…
Лу Хансен, доктор на московскиот фудбалски клуб „Спартак“, објаснил дека едно нешто е најважно во кинеската медицина, а тоа е правилниот проток на крвта до мускулите и ткивата, па затоа тој често го користи овој метод.
Ако крвта стагнира во некој дел од организмот, тогаш тоа место станува ризично за развој на болеста. Проблемот се решава така што се овозможува проток на крвта во проблематичната регија и му дозволува на организмот да заздрави. Тука може да помогне масажата, и тоа поточно две точки.
Првото место што неопходно е да се третира е линијата што минува зад ушната ресичка, па сè до средината на клучната коска. Не смеете да ја притискате оваа линија, ниту силно да ја масирате, бидејќи така можете да предизвикате спротивен ефект. Треба нежно да ја масирате со лесно движење на раката одозгора надолу, едвај допирајќи ја со врвовите на прстите. Повторете го ова 10 пати од едната страна, па исто толку пати и од другата страна на увото и клучната коска.
Втората регија се наоѓа на лицето, на ниво на ушната ресичка, точно половина сантиметар од увото и во правец кон носот. За разлика од претходната точка, оваа треба да ја масирате малку посилно, по една минута од двете страни. Силно кружете со врвовите на прстите, но не до граница на болка, важно е да чувствувате како да вршите притисок на одредената точка.
„По овој едноставен третман од пет минути, вашиот притисок би требало да се снижи“, заклучува тој.