Укинувањето на летното и зимското сметање на времето се дискутираше и минатата година, а со официјален став од ЕУ се уште немаат излезено
Дали деновиве ќе имаме поместување на стрелките на часовникот ? Ќе треба ли да го вратиме часовникот наназад а со тоа да добиме еден час спиење повеќе? Ова е е прашање кое се поставува изминативе години токму овој период а откако на големо се дискутира за укинување на одлуката за зимско и летно сметање на времето
Укинувањето на летното и зимското сметање на времето се дискутираше минатата година, и би требало сите членки на ЕУ до оваа година да одлучат дали сакаат да го задржат ваквото сметање на времето. Како што стои ситуацијата во моментов, сепак треба да го поместуваме часовникот оваа зима, но можно е и ова да се промени.
Ако си остане по старо тогаш:Зимското сметање на времето официјално започнува на 31 Октомври во 3 часот наутро.Односно вечерта- сабота кон недела, часовнико наместо 3 наутро се враќа да биде 2 часот.
А зошто воопшто го поместуваме часовникот?
Првиот човек што предложи промена на времето беше Бенџамин Френклин во 1784 година, бидејќи беше фрустриран од губењето на дневната светлина во лето. Неговата идеја не оживеа во тоа време, таа беше прифатена од Германците само на почетокот на 20 век. Во тој период, енергијата заштедена со поместување на часовникот не беше мала работа - ниту еколошки ниту финансиски.
Зошто го откажуваме поместувањето на часовникот ако заштедува енергија?
Поместувањето на часовникот е откажано првенствено од здравствени причини; повеќе истражувања наведуваат дека поместувањето на часовникот промовира стрес, несоница и срцеви заболувања. Едно истражување ни кажува дека дури и бројот на сообраќајни несреќи во САД се зголемува за 6% во рок од една недела од пролетното поместување на часовникот. Исто така, поместувањето на часовникот значеше многу повеќе во минатото кога станува збор за заштеда на енергија. Еден час нема значително да влијае на потрошувачката, како што некогаш може да има со застарените и поскапи извори на енергија.
Што е добро за нас - летното или зимското сметање на времето?
Во принцип, зимското време е правило - во зимско време, сонцето е највисоко на небото на пладне. Општо е прифатено дека зимското сметање на времето е точно, иако здравствените проблеми при поместување на времето се почести кога се менува во зимско време. Оние кои мислат поинаку посочуваат дека луѓето се жалат на замор, поспаност, депресија, зголемен апетит. Според анализите, бројот на срцеви удари и кардиоваскуларни проблеми е зголемен. Исто така, поместувањето на часовниците има лош ефект врз зголемувањето на бројот на сообраќајни незгоди. Во тој случај, најголемиот проблем за луѓето ќе биде да станат зима по темнина.
Патем, оваа промена е позната како британско летно време и е воспоставена на почетокот на дваесеттиот век. Кога се воведе оваа промена, беше речено дека ќе им обезбеди на луѓето во северната хемисфера повеќе дневна светлина.
Промените на часовникот за првпат се случија во Германија и Британија во 1916 година, кога беше воведена практика часовниците да се поместуваат еден час напред во текот на летото и назад еден час во зима.
Како што стојат работите, и оваа година поместувањето на времето ќе биде исто како и претходните години, бидејќи сé уште нема единствена одлука на ЕУ. Се очекува дека одлуката ќе биде донесена што поскоро бидејќи Европската комисија помести сé поради пандемијата на Корона вирусот.
Во Македонија поместувањето на часовник почна со одлука на СФРЈ во 1983 година.