Истражувачки тим за криптовалути при банката „Стандард чартерд“ предвидува дека вредноста на биткоинот ќе се удвои и ќе достигне 100.000 американски долари на почетокот на следната година и може да вреди дури 175.000 долари на долг рок.
Мултинационалната банка со седиште во Обединетото Кралство, исто така, рече дека етериумот, втората најпопуларна криптовалута, може да достигне вредност од 26.000 до 35.000 долари, иако биткоинот треба да биде близу 175.000 долари за да го достигне тоа ниво.
„Како средство за размена, биткоинот може да стане доминантен начин на плаќање во идниот свет без готовина … Циклично, го очекуваме врвот од околу 100.000 американски долари кон крајот на 2021 година или почетокот на 2022 година“, рече новиот тим на банката за истражување на криптовалути.