Повеќе од две третини од Германците кои работеле од дома за време на пандемијата се уште сакаат да ја задржат можноста за ваква форма на работа, покажува денешното истражување
„Популарноста да се работи во своите четири sида се зголеми дополнително за време на пандемијата“, соопшти енергетската компанија Еон, врз основа на резултатите од тестовите спроведени од Институтот ЈуГов.
71 процент од испитаниците изјавиле дека сакаат во иднина да работат од дома. На почетокот на пандемијата минатата година, само 58 проценти од анкетираните ја изразиле таа желба.
Но, само 26 проценти од испитаниците сакаат да работат трајно од дома. 45 проценти сакаат наизменично да работат од дома и да одат во канцеларија во текот на работната недела.
Како најважна причина за работа од дома, испитаниците го наведуваат времето заштедено за патување до работа и позитивниот аспект на животната средина.
На крајот на јуни, германската влада ја укина обврската за работодавачите да им дозволат на своите вработени да работат од дома каде што е можно.
Германското здружение на работодавачи се спротивставило на законската обврска за правото на работа од дома, во кое било поддржано од моментално владејачката унија ЦДУ / ЦСУ.
Социјалдемократската партија на Германија (СПД), која најверојатно ќе освои најмногу гласови на претстојните парламентарни избори, објави дека има намера законски да го регулира правото на работа од дома.