Сојузот на синдикатите на Македонија, слушајки ги предлозите на работниците за потребата од поголема достапност за овозможување на бесплатна правна заштита воведе нова алатка, ССМ – мои работнички права која претстаува прва мобилна апликација преку која работниците и граѓаните им се овозможува преку користење на своите мобилни телефони да пријават прекршување на работничките права до Сојузот на синдикатите на Македонија.
Апликацијата нуди можност за:
– Пријавување на прекршено право за себе и за друго лице
– Анонимно пријавување
– Директна комуникација со претставници на ССМ
– Следење на вести и совети од ССМ
Анонимното пријавување како опција се користи најмногу од страна на работниците и претставува 62% од вкупниот број на пријави за прекршени работнички права.
Работниците највеќе пријавуваат прекршување на работничките права и тоа од пријавите преку апликацијата:
– 61 % се во врска со плата, прекувремена работа, право на минимална плата, надоместоци, додатоци и придонеси од плата
– 18 % се во врска со нарушено право на годишен одмор и право на регрес за годишен одмор
– 12 % се во врска со промена на договорите за вработување, престанок на работен однос,
– 5 % се во врска со безбедност и здравје при работа и
– 4 % се во врска со правата на синдикалниот претставник и колективното преговарање
Типот на пријави во најголем дел или 63% се жалби, 22% се за прекршоци и 15% се барања.
59% од пријавите се затворени и по истите веќе е постапено од страна на ССМ или Државниот инспекторат за труд, а 29% од пријавите се во процедура, а 12% се отворени за кои се чека дополнителни информации од работниците во врска со прекршувањата на нивните права од работен однос.
Согласно статистиката од апликацијата ССМ – мои работнички права, пријавите се во 87 % од вработени, а 13 % од пријавите се од невработени лица или лица на кои им бил прекинат работниот однос.
Извор: netpress.com.mk