Храната и натаму ќе поскапува. Први на удар ќе бидат маслото за јадење, кондиторските производи, лебот. Сите производни трошоци растат. Само цената на струјата што ја плаќаат индустриските капацитети за една година е зголемена за 100%. Цените на транспортот заради пандемијата растат уште повеќе. Цената на пченицата која ќе влијае на крајната цена на брашното и лебот за една година е зголемена за 20%. Кај суровината за маслото, сончогледот зголемувањето е уште поголемо.
Пандемијата се одрази на животниот стандард на граѓаните, но мерките кои беа донесени во последните години влијаеа ударот да не биде толку силен што според него се гледа и минималната плата и потрошувачката кошничка.
И НБРМ евидентира раст на цените над очекувањата, а тој тренд се очекува да продолжи зарди неизвесноста на странските пазари.
Извор: sitel.com.mk