Во светот, милиони работници се на листата на невработени, но за оние кои можеби ќе се вратат на работа, бизнис лидерите треба да поведат сметка како се перцепира од страна на вработените начинот на кој нивната компанија се справува со луѓето што ги отпушта, но и клиентите и партнерите. Неможноста да се постават грижите на вработените како приоритети може да предизвика дополнителен пад во довербата во конкретниот бизнис, додека исто така ќе се одолговлечи кризата ако се запостави здравјето на семејствата на работниците и економијата.
Еве кои прашања бизнис лидерите треба да ги земат предвид за да ја гарантираат грижата за нивните вработени и за да избегнат дополнително распаѓање.
Физичко здравје
Безбедноста и чистотата се на врвот на грижите поврзани со работното место.
Најосновното нешто што компаниите можат да го направат е да обезбедат гел за дезинфекција на раце и антисептични марамчиња за сите вработени. Понатаму, не смеат да дозволат да работат оние лица кои покажуваат симптоми. За оние вработени кои сè уште одат на работа, компанијиите треба да воведат флексибилни работни часови како стандард за сите.
Компаниите исто така треба да ги прашаат нивните вработени за предлози како да го направат работното место побезбедно, а самата работа попривлечна. На пример, јапонската компанија TESSEI, задолжена за чистење на државните супер-брзи возови, се стекна со почитување со текот на години поради брзината и темелноста во чистењето на возовите меѓу станици и нејзиниот однос кон вработените. Успехот на американската компанија ServiceMaster се должи на високото ниво на придонесот што го даваат вработените во поглед на воведувањето иновации.
Дури и компании што хонорарно ангажираат работници – кои долги години тврдеа дека нивната работна сила е составена од независни договорци – стануваат свесни за важноста дека здравјето и безбедноста на работниците треба да биде на прво место.
Финансиско здравје
Справувањето со финансиска несигурност исто така мора да биде врвен приоритет. Вредноста за работниците кои се во првите борбени редови со коронавирусот сè уште не се гледа во нивните плати. Иако некои ресторани и продавници нудат плати близу минималната како мерка воведена во некои земји, кога работните саати се намалуваат, дури и тие плати ќе исчезнат. За работниците кои се неопходни, ниската плата може да ги натера да се откажат од работата.
Платеното боледување е клучно за сите вработени, а пандемија не е вистинско време да се приморуваат работниците да работат бидејќи нема да можат да се откажат од платите кога се болни.
Емоционално здравје
Сочувството прави разлика. Најдобрите лидери комуницираат со нивните работници редовно во врска со идни настани, секој вработен го сметаат како дел од „семејството“, а им придаваат важност и ги почитуваат особено храбрите и силни човечки приказни кога вработените прават екстра напори за да им помогнат на другите додека самите прават жртви. Отворената почит кон ваквите примери ги прават луѓето да се чувствуваат ценети, и исто така ги инспирира останатите.
Лидерите треба да бараат информации за семејствата на вработените и да им понудат поддршка засновна на нивните околности. Важно е да ги насочат вработените кон ресурси како што се едукативни видеа, апликации за медитација, бесплатни онлај вежби итн.
Компаниите исто така можат да создадат и менаџираат онлајн заедници врз основа на нивните интереси или географска блискост.
Здравјето на заедницата
Вистинските лидери гледаат отаде нивната компанија или индустрија за да помогнат во обезбедувањето основни услуги. Болниците и здравствените работници имаат посебни потреби, па некои големи компании ги пренаменуваат нивните капацитети за да произведуваат маски, или вентилатори наместо автомобили. Тоа е доволно.
Голем број бизниси ги немаат доволно искористено сопствените ресурси или креативни идеи. На пример, за да помогнат во спроведувањето онлајн настава на училиштата, компаниите можат да ги стават на располагање напуштените канцеларии и некористените компијутери.
Тие работници кои ја изгубиле работата можат исто така да почнат со работа на некоја корисна задача, додека сè уште ги добиваат надоместоците за невработени. Можеби можат да понудат онлајн тренинзи во области во кои се вешти. Или пак можат да послужат како финансиски ментори, или да работат како тутори за локалните училишта.
Партнерствата отвораат нови можности. Со здружување на силите, компаниите можат да направат повеќе за нивните вработени или договрни лица и исто така да си осигураат побрзо опоравување.
Кризата предизвикана од Ковид-19 треба да послужи како утрински повик за емпатично внимание кон потребите на работниците. Бизнис лидерите треба да го чујат повикот, или да ризикуваат да се соочат со презир и последиците од истиот кога економијата повторно ќе се отвори.