Министерот за здравство денеска соопшти дека од понеделник на сите вакцинални пунктови ќе може да се прима третата доза од вакцината против ковид-19. Рече дека критериумите и препораките кои ги даваат се врз основа на искуства од други земји и врз основа на препораки на меѓународни организации и врз основа на тоа, кај нас трета доза ќе може да примат повозрасните граѓани над 60 години, како и сите останати без разлика на возраста луѓе со имунокомпромитиран систем и за здравствените работници.
-Третата доза ќе биде од производителот Фајзер, без разлика со која вакцина претходно се вакцинирани граѓаните. Исто така, третата доза од вакцината според нашите препораки ќе се дава на лица кои се најмалку 6 месеци вакцинирани. Во земјава има доволно вакцини и тоа на сите вакцинални пунктови. По вчерашната пратка од 100.000 вакцини Фајзер, сега вкупно од овој производител има 250.000 дози, 50.000 Синовак и 100.000 дози Астразенека, истакна министерот за здравство.
-На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 778.408 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.482.287 дози вакцини, а ревакцинирани се 703.878 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Со последните бројки 55 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31 процент од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, информираше министерот.
На прес-конференцијата министерот рече и дека ској момент очекуваат Данска да ја објави донацијата за македонија, која се однесува на 250.000 дози вакцини од компанијата Џонсон и Џонсон.