Кроациа Осигурување живот донираше апарат за механичка вентилација – респиратор за Клиниката за детски болести Скопје. Станува збор за модел од последните генерации со перформанси и технички спецификации кои одговараат на потребите на клиниката и нејзините пациенти.
Со оваа донација, Кроациа Осигурување својата општествена одговорност ја насочува кон засилување на капацитетите на оваа јавна здравствена установа каде се згрижуваат најосетливите и најранливите случаи.
„Времињата во кои живееме создадоа нови предизвици со кои се соочуваме сите заедно како општество. Затоа, целта на нашата, компаниска општествена одговорност е зајакнување на капацитетите на здравствените установи. Подобра нега и овозможување подобра грижа посебно за најмалите пациентите треба да биде заедничка одговорност, на сите нас, но најголем придонес во тоа може да има бизнис секторот. Затоа верувам дека со оваа донација даваме дел од тој придонес и ќе помогнеме онаму каде што е најпотребно”,изјави Маја Станковска Костова, генерален директор на Кроациа Осигурување живот.
Доколку сакате да работите во КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ погледнете ги ОГЛАСИТЕ ОВДЕ
За директорката на Клиниката за детски болести оваа донација, пред сè претставува поддршка за медицинскиот кадар и значајно подобрување на степенот на нега за пациентите.
„Клиниката располага со врвни специјалисти кои се посветени на грижата на пациентите, меѓутоа, и покрај целиот труд и внимание што секојдневно ги вложуваме, сепак нашата работа и грижата за малите пациентите во голем степен зависи и од апаратурата и медицинските средства. Опремата и медицинската апаратура е нешто што секогаш ни е потребно и што треба да ги следи новите медицински и технолошки трендови. Затоа, оваа донација од Кроациа осигурување за Детската клиника е исклучително вредна, потребна па дури и неопходна со оглед на времињата и состојбите што ги живееме”, изјави Аспазија Софијанова, директорка на Клиника за детски болести