Интервјуто за нова работа се смета за еден од најкритичните моменти при барањето работа. Дури и кога имате искуство со „сработување“ на интервјути, секогаш вреди да се биде со спортски речник кажано „во форма“. Или, како што сликовито би го нарекле тоа стручњаците, оние кои пристапуваат треба да се подготват со иста сила и остроумност како да се работи за сериозен мечувалски или шаховски турнир. Бидејќи, интервјуто за работа бара многу тактика и снаодливост. Пред да отидат на интервју, многу кандидати се обидуваат да претпостават што ќе бидат прашани за време на разговорот. Иако се чини дека животот (и кариерата) можат да им бидат доста усложнети со тешки прашања, вистинската опасност лежи во навидум лесните, но многу проникливи прашања.
Бидејќи се претпоставува дека ја знаете професијата, бидејќи во спротивно не би биле на тој разговор, елиминациските прашања се насочени кон разоткривање на вашата личност. Тие не се случајни, смислени се со помош на психолог, а целта не е откривање на стручњакот, туку вистинската личност која ќе се вклопи во организацијата. Иако не може да се даде буквален рецепт, постојат начини за одговор, по кои барем не морате да се сомневате дека лошо сте одговориле.
Барателот на работа мора да нагласи колку сака да решава проблеми, да истражува, да е ориентиран кон резултати и да работи за доброто на фирмата.
Внимавајте со зборувањето. Кажете ни по нешто за себеси, рече испитувачот подигајќи го погледот од листот и благо насмевнувајќи се. Позната ситуација? Ако да, обидете се да се сетите што сте одговориле на тоа прашање, а ако ве очекува тоа и наредните прашања, време е сериозно да го сфатите. Значи, кажете ми нешто за себеси, обично е прашање со кое се отвора интервјуто. Иако звучи многу едноставно и невино, тоа е прашање при кое треба да бидете дополнително внимателни додека одговарате. Прво, треба да внимавате да не почнете опширно и долго да одговарате, треба да внимавате додека зборувате да не ги изнесете сите свои адути. Во одговорот наведете го своето образование, каде сте работеле и актуелното работно искуство. Последното посебно нагласете го, но оставете нешто и за подоцна, сепак тоа е само загревање.
Што знаете за нашата организација? Тоа е едно од неизоставните прашања. Секој работодавач очекува потенцијалниот кандидат да е запознаен со неговата фирма. Покажете дека сте ја сработиле домашната задача и дека сте запознаени со целите на фирмата, луѓето, историјатот, филозофијата, па дури и проблемите, а ако запнете, јасно изразете желба дека сакате да научите повеќе за фирмата.
Зошто сакате да работите кај нас? Домашната задача што сте ја одработиле ќе ви помогне околу тоа прашање. Кажете како ви се допаѓа како работи фирмата и како би сакале да сте дел од нејзиниот тим. Бидејќи не може се да се научи на памет, искреното мислење во врска со фирмата и вас ќе открие дали сте на добар пат да најдете работа или не. Сепак, повеќето од нас не знаат да лажат, па ако успеете во тоа, наградата би можела да дојде во форма на несакана работа. Што може вие да направите за нас што не може никој друг, е прашање кое нетрпеливо го очекувате. Тоа прашање е вистинскиот момент, да не речеме ваша обврска, да бидете егоисти. Наведете ги сите ваши достигнувања во кариерата, кажете како вашите вештини и интереси, во комбинација со искуството носат резултати што ве прават вреден член на тимот. Наведете ги вештините за поставување приоритети, детектирање на проблеми, како и искуството и доволната енергија потребна за нивно решавање. Накратко, слободно покажете ги роговите и пофалете се.
Што ви е најпривлечно на ова работно место, а што е најмалку привлечно? Бидете подготвени да наброите три до четири атрактивни фактори и еден минорен пример како неатрактивен фактор. Зошто токму вас би требало да ве вработиме? Одговорете како да е тоа прашање што едвај го чекавте. Сконцентрирајте се на своите можности и искуството кое секогаш се цени, но, не заборавајте да кажете дека имате и доволно енергија.