Од 13 до 20 октомври посетете го Најголемиот регионален онлајн саем за вработување и дознајте повеќе за можностите за кариера во Лакталис МК!
Групацијата Лакталис е глобален лидер во млечната индустрија. Присутна е во сите сегменти на пазарот на млечната индустрија. Групацијата е производител на сирење број еден во светот и е европски лидер во рамките на потрошувачката на млеко и на пазарите на путер и на млечни намази. Групацијата Лакталис е главен играч и во категориите на разладени млечни производи и млечни состојки, како што е индустријата за услуги за храна. Сѐ позначајно место добива и во рамки на пазарите за клиничка и детска исхрана.
Благодарение на глобалното присуство, Групацијата Лакталис успешно предводи во создавањето на новите трендови на пазарот и се прилагодува на изменетите услови на производство и на потрошувачка, а притоа почитувајќи ги локалните и културните специфичности на секоја земја.
Деловниот модел на Лакталис е дел од долгорочната развојна стратегија која се состои од континуирани операции за надворешен раст на бизнисот и развој на своето портфолио, кое веќе вклучува повеќе од сто бренда. Целта на Групацијата е да презема млечни компании кои се заложуваат за исти вредности и да го помогне нивниот раст преку индустриски инвестиции, маркетиншки и човечки ресурси. Стратегијата за развој на брендот на Групацијата се темели на проширување на присуството на три клучни бренда: Président, Galbani и Parmalat на глобално ниво, додека истовремено продолжува да инвестира во локални брендови.
ПОВЕЌЕ ЗА КОМПАНИЈАТА, ОТВОРЕНИТЕ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ, РАБОТНИТЕ УСЛОВИ, ТИМОТ И СЕ ШТО ВЕ ИНТЕРЕСИРА ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ДОЗНАЕТЕ НА ШТАНДОТ НА ЛАКТАЛИС НА НАЈГОЛЕМИОТ РЕГИОНАЛЕН САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ КОЈ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО ВИРТУЕЛНО ИЗДАНИЕ ОД 13-20 ОКТОМВРИ 2021.
Ве очекуваме!