Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Карпош и Кисела Вода, соопштуваат од Регионалниот центар за справување со кризи- Скопје.
Во Општина Карпош во периодот од 09:25 до 13:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улиците „Ловќенска“, „Багдадска“, „Стрезово“ и „Леринска“ од 13:00 до 15:00 часот од улиците „Његошева“, „Софиска“ и „Московска“, од 09:10 до 12:00 часот корисниците од бул.„Партизански одреди“ зграда бр.149 и локали во зградата.
Во Општина Кисела Вода, пак, без струја од 10:30 до 12:30 часот ќе бидат корисниците од улиците „Његошева“, „Софиска“, „Копенхагенска“ и „Бриселска“, од 08:00 до 10:00 часот од улиците „Христо Татарчев“ подуличка 1, „Десигн Фантази“ под кружниот тек, спроти Агротехна, а од 08:00 до 10:00 часот корисниците од улиците „Јакупица“, „Атанас Раздолов“.