Во украинската авиокомпанија „Skaj Ap Erlajns“, стјуардесите повеќе нема да мораат да носат високи потпетици, туку ќе можат да ја вршат својата работа во поудобна алтернатива - патики.
27-годишната стјуардеса на оваа компанија, Дарија Соломенаја, објаснува како изгледало тоа.
„Дванаесет часа на нозе, летајќи од Киев до Занзибар и назад. Ако носите потпетици, тешко дека ќе можете да одите потоа. Ова вклучува четири часа непрофитна проверка и чистење“.
Кога беше спроведена анкета меѓу вработените во Sky Up Airlines, се покажа дека жените се уморни од високи потпетици, тесни блузи и здолништа.
„Многу мои колеги постојано посетуваат доктор – објаснува Дарија додавајќи дека се вообичаени и проширени вени.
Поради сето ова, украинската авиокомпанија одлучи целосно да ги промени униформите за стјуардите – во иднина тие ќе носат патики, широки портокалови јакни и панталони.
Да потсетиме, неколку глобални авиокомпании ги олеснија своите ригорозни услови за стјуардите.
Вирџин Атлантик објави дека нивните стјуардеси не мора повеќе да се шминкаат. Јапан Ерлајнс ги укина задолжителните високи потпетици и им даде можност на своите вработени да носат наместо здолништа – панталони.