Бидејќи невработеноста е единствената проблематика во последните години, одлучивме да се позанимаваме со истата
Многу е важно да се позанимаваме со статусот на работникот и довербата на работодавачот преку следните точки:
Работникот како член на семејство
Често се истакнува важноста на работната атмосфера во компанијата, а посебно блиските, семејни односи меѓу вработените, бидејќи на тој начин на сите работници ќе им биде важен напредокот на компанијата. Чест случај е исто лице да има овластување за договори, извршување, бележење и надзор над извршени трансакции, па неправилноста речиси невозможно е да се открие. Малите компании по правило имаат и помали буџети, па тешко се одлучуваат за ангажирање на надворешни ревизори, т.е. сметководствени форензичари.
Работник кој вложува во себе
Вложувањето во сопствените потенцијали со време стана еден од основните предуслови за успех. Притоа, се работи за многу широк спектар на активности: стручно усовршување, странски јазици, занимавање со спорт, општа информираност, итн. Сепак, наглите промени на стилот на живот не се секогаш добра вест. Токму промената на животниот стил на работниците, е најчест знак за аларм во 36 отсто случаи.
Долгогодишната рутина; добра или лоша работа?
Лојалноста на работникот од секогаш била на цена. Лица кои долги години се вработени во иста компанија, главно морале да поминат повеќе скалила, па на тој начин растеле заедно со компанијата. Долгогодишните вработени добро се запознати со состојбата на компанијата, со слабите точки во заштита на имотот на компанијата, па достапни им се сите потребни информации. Поради тоа, пред да помислите дека е многу убаво што некој вложил 10 години живот во една компанија, проверете дали земал повеќе од платата која му припаѓа.
Несклоност кон работната позицијата
Скромноста и умереноста се многу високо на листата на посакувани особини на вработено лице. Кој не би посакал работник кој со обете раце ќе ја прифати доделената позиција и нема да бара зголемување на платата. Работник кој со години е на исто место, може да ги испече сите тајни на занаетот, добро да ги запознае сите лица и процеси важни за работата. Освен што на него може да се верува при решавање на доверените задачи, таквиот работник може да послужи и за едукација на нови кадри.
Несклоност кон годишен одмор
Вредна работа. Особина која секој ќе ја бара од својот работник. Во вредната работа како и скромноста од претходната точка не треба да се претерува, бидејќи претерувањето никогаш не е добро. Ротацијата на вработените на важни позиции, на пример на банкарски шалтери или одделенија за набавка, многу е важна бидејќи на тој начин се спречува заситување, но и се отежнува злоупотребата на позицијата и овластувањата. Лица кои никогаш не биле на боледување или на годишен одмор, мора да се проверат, бидејќи можно е да не сакаат да изгубат контрола над добро извежбаниот процес на финансиски измами.
Срдечност со партнерите и клиентите
Негувањето на добри односи со деловните партнери и клиенти претставува императив на секој кој сака да има успешна компанија. Меѓутоа, како што веќе погодувате и кај срдечноста постојат граници.
Наместо заклучок
Компаниите на годишно ниво во светот губат премногу поради финансиски измами на вработените. Самото работење вклучува и ризик од измами, а вршителите се исклучително способни при пронаоѓање на нови начини и искористување на новонастанати околности, за да ја исполнат својата замисла. Меѓутоа, вработените кои се отпорни на измами и самата организација ја прават отпорна како и поспособна за зајакнување ако дојде до пад.
Можеме да заклучиме дека измамата секогаш е поврзана за луѓето и дека ниту една организација не е 100 отсто отпорна на истата!