Лани Ковид кризата избрша над една третина од работните места во текстилството, а трендот продолжи и годинава. Така покажува анализата на невладиниот сектор. И понатаму не се продолжуваат договорите на определено време, а расте и бројот на отпуштањата од кои најголем број се отказ од страна на работодавачот.
„Текстилната индустрија имаа потреба и поддржка, но и од целиот систем се со цел да можеме да бидеме што е можно поконкурентни имајќи предвид дека нашата текстилна индустрија пред се работи и е зависна од нарачките од странство“, изјави Виктор Митевски од НВО ЗМАИ.
Формирање на текстилни задруги е еден од формите за спас на работниците кои не можат да дојдат до работа или останале без работа.
„Многу е корисно бидејќи може да се вработат работнички кои имаат или немаат искуство, како и работнички кои се социјални случаи“, рече Соња Стојадоновиќ, експерт за текстилни задруги.
Според последните анализи за година и половина околу 12.000 работници само од „Гласен текстилец“ побарале правна помош поради нарушување на работничките права, а во државата 7000 текстилни работници останале без работа.
Извор: alfa.mk