Популарната социјална мрежа Инстаграм и вечерва има проблеми со работата, па од компанијата излегоа со објаснување за да ги смират милионите корисници ширум светот кои по понеделничкиот глобален пад на Фејсбук, Инстаграм и ВатсАп повторно се соочија со нефукционирање на омилената мрежа.
„Свесни сме дека некои луѓе имаат проблеми со пристапот кон нашите апликации и производи. Работиме на тоа работите што побрзо да се вратат во нормала”, наведуваат од Фејсбук.
Само пред 4 дена, паднаа популарните апликации на Фејсбук кои не работеа речиси 8 часа, поради што настана општ хаос во светот. Додека од Фејсбук не го средија проблемот кај сите своите мрежи Инстаграм, Месинџер и ВатсАп, корисниците се префрлија на Твитер.
Вечерва, останува нејасно зошто дојде до прекин на работата на популарниот Инста и колку време ќе им треба на компаниите да го решат проблемот.
Според сајтот Daundetektor, за помалку од половина час пристигнале над 17.000 пријави за неправилности во работењето. Дел од корисниците пријавиле дека не можат да ги гледаат своите нотификации, зошто кога се обидуваат да го направат тоа им се појавува грешка.
Најлош пад во историјата на Фејсбук и неговите придружни платформи остави речиси 3 милијарди корисници без можност да влезат во своите налози. Овој неколкучасовен прекин ја чинеше компанијата 164.000 долари по минута од прихидот, а акциите на берзата паднаа изгубија над 40 милијарди долари од вредноста