Цените на горивата вртоглаво растат низ Европа. Во Хрватска достигнаа рекордно ниво бидејќи литар бензин Еуросупер 95 надмина 11 куни (90 денари), а литар дизел 11,5 куни (94,32 денари)
Што се однесува до земјите од регионот, Северна Македонија е најевтина.
Хрватска е меѓу најскапите во однос на цената на бензинот (1,47 евра) и дизелот (1,45). Поскапи се само Албанија и Италија, каде што бензинот чинеше просечно 1,69 евра на 7 октомври, а дизелот 1,54. Најповолни меѓу земјите во регионот се Северна Македонија (1,13 евра бензин, 0,99 дизел) и Босна и Херцеговина.
Што се однесува до остатокот од Европа, горивото е убедливо најприфатливо во Турција – 0,74 евра за литар бензин и 0,68 евра за литар дизел. Исто така е доста поволно и во Молдавија, Украина, Бугарија, Романија и Полска.
Најскапи се Холандија (1,86 за литар бензин), по што следуваат Данска и Норвешка (1,77), Словенија (1,28 евра бензин, 1,35 дизел), Австрија (1,34 бензин, 1,31 дизел), Чешка (1,46 бензин, 1,29 дизел) ) или Луксембург (1,4 бензин, 1,33 дизел).
Извор: lokalno.mk