Со новите протоколи за ковид 19 на Обединетото Кралство на Велика Британија, Република Северна Македонија преминува во зелената листа на држави и територии на кои им се признаваат сертификатите за вакцинација.
Македонските граѓани кои патуваат во Велика Британија, и кои примиле вакцина во земјава, ќе се сметаат за целосно вакцинирани лица под следните услови: да поседуваат со себе сертификат за вакцина за да го докажат статусот на вакцинација; да имаат примено комплетна вакцина (2 дози) најмалку 14 дена пред да пристигнат во Велика Британија; да бидат вакцинирани со некоја од следниве вакцини: Оксфорд/АстраЗенека, Фајзер/Бионтек, Модерна, Јансен; сертификатот за вакцинација како доказ да биде издаден од национален или државен орган за јавно здравје и да е на англиски, француски или шпански јазик“, се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи.
Останува непроменето дека, државјаните на Република Северна Македонија за влез во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска (ОК) им е потребна важечка британска виза или дозвола за престој.