Аргентинската Влада денеска соопшти дека постигнала договор со компаниите од малопродажбата да ги замрзнат цените на повеќе од илјада прехранбени производи и производи за домаќинство во следните 90 дена, со цел да се спречи инфлацијата.
Британските медиуми забележуваат дека аргентинската економија закрепнува од повеќегодишната рецесија и дека цените се зголемуваат за речиси 50 проценти годишно.
Мораме да ја запреме лавината за храната да не ја ограничи куповната моќ на работниците, изјави државниот секретар за внатрешна трговија Роберто Фелети.
-Кошничкаата со основни прехранбени производи изнесуваше девет проценти од просечната плата во декември 2019 година и 11 проценти при последното мерење, истакна Фелети.
Левоцентристичката влада претрпе удар на прелиминарните избори во септември, а гласачите ќе излезат на гласање за Конгресот на 14 ноември, потсетуваат британските медиуми.