И шефовите имаат свој ден – средината на октомври е резервирана да уживаат во зголемена наклонетост на своите вработени.
Овој специфичен ден првпат беше воведен во 1958 година за да се воспостави подобар однос меѓу вработените и нивните надредени. И денес оваа проблематика е актуелна – затоа и се истакнува како преку соработка и тимска работа на шефовите и вработените создаваме пријатна работна атмосфера.
Ако не го правиме тоа во текот на годината, Меѓународниот ден на шефовите, 16 октомври, може да биде добра можност да размислите за вашите шефови и можеби да ги наградите – со симболичен подарок или само ракување.
Денот беше инициран од секретарката Патриша Бајс Хароски, која го регистрира во американската стопанска комора во 1958 година.
Целта на воспоставувањето на овој посебен ден е всушност да се покаже благодарност кон шефовите кои тоа го заслужуваат. Тоа всушност беше стратегија со која Хароски настојуваше да ги подобри односите меѓу менаџерите и нивните работници, бидејќи веруваше дека младите работници понекогаш не се свесни за посветеноста и напорот на кој секојдневно се изложени нивните претпоставени.
Сепак, не секој го поздрави одбележувањето на овој ден. Некои истакнаа дека шефовите имаат поголема моќ, но и плати, така што тие навистина не треба да примаат подароци од своите работници со помала финансиска моќ.
Денес, на пазарот на труд, овој ден се гледа како можност за шефовите и нивните работници да работат заедно за да создадат тимска работна средина на работното место.