На крстопат сте? Треба да го донесете вистинското решение за себе – да се држите цврсто за оваа работа што ја работите во моментот или да создадете свој бизнис?
Многу луѓе веруваат дека со лаптоп во рака и вишок од амбиции можат да ја напуштат работата и да започнат сопствен бизнис. Ова важи уште повеќе за т.н. “дигитални номади” кои се расфрлаат со претприемачки дух, цитати по темата и великодушни совети како да бидеме успешни во бизнисот, без да имаат освоено денар со свој сопствен труд.
Вистината е дека, да се преживее како претприемач или како успешен фрилансер хонорарно не е нешто толку блескаво како што изгледа на прв поглед. Има луѓе кои едноставно не ги бидува за оваа работа!
Како сопственик на бизнис треба да сте не само извор на идеи, не само да мислите за некои шеми, треба да бидете продавач, сметководител, шеф и еден куп други работи. Дали сте подготвени за сето ова? И покрај лошата слика која штотуку ја нацртавме, неспорно е дека денес живееме во свет на можности и тоа е одлично. Секој може да се обиде!
Ако сте љубопитни дали создавањето на сопствен бизнис е нешто што сакате да го правите или не, пројдете некои прашања и одговори за самопроценка за да дознаете по кој пат да тргнете – оној на плата или оној на претприемништво.
Иницијатива е да ги правиш вистинските работи без да ти се кажува! – Па затоа, што и да одберете, БИДЕТЕ ИНИЦИЈАТИВНИ.