Според последните податоци, квалификуваните возачи на камиони со полно работно време и вработените на неопределено работно време заработуваат во просек по 14,21 евра бруто на час.
Возачите без завршено стручно образование заработуваат 12,91 евра на час.
Ова е значително пониско во споредба со остатокот од пазарот на труд во Германија, каде квалификуваните работници заработуваат во просек по 19,97 евра на час.
Просечната бруто плата на обучен возач на камион изнесува 2.623 евра, додека во останатиот дел од економијата за квалификувани работници платата е 3.286 (бруто).
Професионалното здружение на возачи на камиони БГЛ предупредува дека во Германија во следните две години може да дојде до сличен колапс во шпедициите како што беше случај со Велика Британија во последно време. Денес, на Германија и недостасуваат 60 до 80 илјади професионални возачи. „30.000 возачи одат во пензија секоја година, а доаѓаат само 15.000.
Извор: denar.mk