Утрово во 9:30 со поздравниот говор на Претседателот на Македонската Асоцијација за Човечки ресурси г-дин Дарко Петровски започна најголемиот настан за човечки ресурси во земјава чиј покровител е токму Vrabotuvanje.com
Од разбирливи причини конференцијата и оваа година е во онлајн формат но тоа не беше пречка и годинава да имаме извонредни говорници на тема насловена како: "HRise like a PHOENIX- Intertwining humanity and technology" (Човечките ресурси се издгнуваат како феникс: Преплетување на човештвото и технологијата).
По поздравниот говор презентација имаше Freek Janmaat, (Head of the Cooperation Section within the EU Delegation in Skopje) кој даде статистички податоци во однос на употребата на дигиталните формати во Македонија, застапеноста на дигитализацијата во образовниот, административниот и бизнис секторот.
Потоа следувaше Евен Болстад од Норвешка - Претседател на Европската асоцијација за менаџмент со луѓе, и неговата тема „Човечки ресурси, лидерство и менаџмент по Ковид - прозорец на можности “
А потоа и Ерик ван Вулпен - основач на Академијата за иновации на човечки ресурси АIHR од Холандија, кој зборуваше на темата Како иднината на работните навики ќе влијае врз човечките ресурси...
Во продолжение на денов но и утре следуваат и овие говорници: Енди Брит - Постар партнер и лидер за трансформација на таленти на IBM глобалните деловни услуги од Велика Британија, д-р Пол Флин - предавач на Националниот универзитет во Галвеј, Р. Ирска, Марија Попова Мајсторова - Сениор HR менаџер (ЕМЕА) во ADIENT и Менаџер за човечки ресурси на годината од Македонија, Методија Папазовски - ко-основач и потпретседател на EMBS групацијата и член на Бордот на директори на Македонија2025, д-р Андријана Богдановска – директор на Knowledge Management Center од Македонија, проф. Александрос Псикогиос – Професор на Бирмингем Сити Универзитетот и истражувач на Центарот за истражување на Југоисточна Европа од Грција, Орацио Стангерлин – Основач и ЦЕО на Аркадиа Консалтинг од Италија, Ирена Ѓоршев - Менаџер за организациски консалтинг во Вработувaње HR Solutions, Дени Фридман – консултант за развој на лидерство во Aleksander Hughes (Франција).
А погледнете ја целата Агенда oвде: