Германците поради недостаток на занаетчии уште сега во просек чекаат преку десет недели на извршување некои занаетчиски услуги, а ситуацијата во блиска иднина би можела да се влоши, соопштиле од здружението на германски занаетчии.
„Порачки моментално има толку што занаетчиите се принудени да ги одбиваат сите нови ако не доаѓаат од постојани клиенти“, вели Функ Ханс Петер Волсајфер, претседател на здружението германски занаетчии.
Тој укажал на тоа дека со години премалку млади се одлучувале за образование за некои занаетчиски занимања како водоинсталатери, молери или паркетари така да настанал акутен проблем со недостигот на такви експерти.
„Секоја година ни недостигаат 15 до 20 илјади занаетчии“, рекол Волсајфер.
Проблемот би можел дополнително да се влоши во наредниот период бидејќи се очекува голема смена на генерации во занаетчиските работилници.
„Многумина заминуваат во пензија и стравуваме дека голем број на работилници нема да има кој да ги преземе“, објаснува Волсајфер.
„Моментално најмногу недостасуваат лимари, водоинсталатори, монтери на централно греење“, вели и додава дека занаетчиите имаат релативно високи примања.
„Мајстор на водечка функција може месечно да заработи од 3500 до 5500 евра бруто“, напоменува претседателот на здружението на германски занаетчии, пренесе индекс.хр.
извор: okrabota.mk