Газдите на вработените можат да им дадат и двојно повисок К-15, за кој не би и платиле данок на државата, зашто годинава со една од мерките на владините антикризни пакети зголемен е прагот на даночно ослободување кај регресот за годишен одмор. Годинава за првпат по 25 години К-15 примаат и околу 27 илјади вработени во јавниот сектор
Вредноста на минималниот К-15 овој месец се искачи на нешто над 11.300 денари, а за исплата останаа уште два месеца.
Работодавците во приватниот сектор се обврзани овој износ да им го исплатат на сите кои кај нив работеле најмалку шест месеци во оваа календарска година и тоа најдоцна до 31 декември. Газдите кои сакаат, а се разбира и имаат, на вработените можат да им дадат и двојно повисок К-15, за кој не би и платиле данок на државата, зашто годинава со една од мерките на владините антикризни пакети зголемен е прагот на даночно ослободување кај регресот за годишен одмор.
Ако исплатата не се изврши во законскиот рок, работодавецот би ризикувал да плати глоба што се брои во илјади евра, а за случаите кога регресот ќе се даде, па се бара да се врати, предвидена е и затворска казна.
Целиот текст е на vecer.press