Во текот на денешниот ден ќе продолжи облачното време со повремени врнежи од дожд и со значително пониски температури кои ќе бидат значително под просекот за овој летен период од годината, пишува во временската прогноза Слачо Попоски.
Врнежите ќе се интензивираат доцна попладнево и вечерва како и во текот на ноќта кон утрешниот ден и локално за кратко време ќе наврне значително количество на воден талог (над 50 л//м2).
Сето ова може да услови локални поплавувања а можни се зголемувања и на нивоата на реките и на езерата во државава.
Локално ќе има услови и за нестабилност проследена со појава на грмежи.
Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени.
Врнежливото време продолжува и во текот на утрешниот ден.
извор: пресс24.мк