Времето утре ќе биде наутро студено, по одделни котлини и речни долини со појава на магла или ниска облачност
Преку денот претежно сончево со слаб ветер од јужен правец.
До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно сончево време со студени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во понеделник кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а врнежи од дожд ќе има во вторник претпладне. Од вторник, особено вдолж Повардарието, ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а утринската температура значително ќе се зголеми. Од среда во пораст ќе биде и дневната температура.
Прогноза за 01.11.2021
- Минимална температура: -3°C до 4°C
- Максимална температура: 14°C до 19°C
- Наутро по котлините, особено на југот, со појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.
Прогноза за 02.11.2021
- Минимална температура: 3°C до 10°C
- Максимална температура: 12°C до 17°C
- Претпладне облачно со врнежи од дожд. Попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Прогноза за 03.11.2021
- Минимална температура: 4°C до 10°C
- Максимална температура: 16°C до 22°C
- Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.