Во Грција минатата година верските служби неколку месеци беа откажани поради пандемијата, но владата одбиваше да воведе задолжителна вакцинација или тестирање за влез во црквите.
Црквените службеници бараат од верниците да ги почитуваат насоките на лекарите, а во средата епископот на островот Лезбос потпиша наредба за суспензија на невакцинираните свештеници.
Во Грција вчера беа регистрирани 6.808 нови случаи на ковид-19, што е најмногу од почетокот на пандемијата. Претходниот рекорд беше во вторникот – 6.700 нови случаи на инфекцијата.
Здравствените службеници соопштија дека ситуацијата се влошува и дека пополнетоста на одделението за интензивна нега е зголемена на 87 отсто од 70-те отсто пред три недели.
Во Грција, која има околу 11 милиони жители, од последиците на коронавирусот починале повеќе од 16.000 луѓе.
Извор: mkd.mk